Бивш бразилски тренер доби затворска казна од - 109 години!

Во Бразил беше потврдена најголемата затворска казна во историјата на спортот, откако поранешниот тренер на гимнастичарската селекција, Фернандо Де Карваљо Лопез беше осуден на 109 години и осум месеци затвор.

Бразилецот силувал четири спортистки, меѓу кои и една малолетна девојка, па Судот не му прости и го осуди Карваљо Лопез, кој најави жалба затоа што смета дека е невин.

Пред четири години околу 40 спортистки во изјава за каналот „Глобо ТВ“ кажаа дека биле жртви на морално, физичко и сексуално вознемирување од страна на тренерот.

Од 2019 година, исто така, му беше забрането доживотно да се занимава со било каков спорт, а сега ја доби најтешката затворска казна во светот на спортот.