Бејзбол екипа го менува името затоа што било навредливо!?

По Вашингтон редскинс, уште еден тим од МЛБ-лигата најави промена на името, а тоа е Кливленд индијанс.

Во безбол тимот од Кливленд се решија на ваков потег во време на големи протести поради расната дискриминација и тие сакаат да го променат името за да имаат подобар контакт со навивачите.

Социјалните немири ги натерале да размислат за промена на името, а во следниот период ќе биде одржан состанок со акционерите, за да се избере најсоодветното име.