Австралија ја растури Аргентина - сега следи дерби против САД

Последниот полуфиналист на Олимписките игри во Токио на кошаркарскиот турнир е Австралија, која ја совлада Аргентина со убедливи 97-59.

Неверојатната серија од 17-0 во последната четвртина на Австралија беше доволна да се обезбеди победата на пет минути пред крајот на дуелот против Аргентина, која во поголем дел од мечот беше рамноправен противник.

Повторно Пети Милс беше херојот на теренот, откако постигна 18 поени, а го следеше Џок Лендејл со 12 поени и седум скокови. На спротивната страна најдобар беше Лапровитола со 16 поени, додека Габриел Дек постигна 12 поени.

Во полуфиналето на кошаркарскиот турнир ќе се соочат Франција и Словенија, односно САД и Австралија.