Алпската комбинација е поместена, а Микаела Шифрин се откажа од спуст!

Американката Микаела Шифрин замина на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг со надеж дека ќе освои пет златни медали, но пред последниот викенд на игрите се надева дека ќе има барем два.

Најдобрата скијачка триумфираше во велеслалом, а потоа во слалом беше четврта. Го пропушти супер-џи, а денес објави дека нема да учествува во спуст.

На утринскиот тренинг во спуст имаше многу добар резултат, со што обезбеди едно од четирите места обезбедени за натпреварувачкте од Америка.

Сепак затоа што организаторите одлучија да ја поместат алпската комбинација од петок за во четврток, Шифрин се откажа од спустот.

„Имав голема желба да се натпреварувам во спуст, но поради промена на распоредот, морав да се откажам. Важно ми е да се фокусирам на комбинацијата и да се подготвам за истата“, вели Шифрин.

Организаторите на Олимписките игри имаа голем број проблеми со оддржување на трките во алпско скијање, па првите трки во женска конкуренција беа возени дури на 15 февруари.