Трагедија: Корејска одбојкарка пронајдена мртва, најверојатно се самоубила

Корејската одбојкарка Јо Мин Го била пронајдена мртва во нејзиниот дом вчера наутро, а се сомнева дека извршила самоубиство поради засега непознати причини.

Одбојкарката била пронајдена од страна на полицијата откако нејзините поранешни соиграчи се обиделе неколку пати да ја контактираат, но нивните обиди биле неуспешни.

По првичната истрага, полицијата објави дека немало знаци на насилство, туку дека најверојатно станува збор за самоубиство, но тоа ќе покаже дополнителната истрага на полициските службеници.

Оваа натпреварувачка се пензионираше од спортот уште во март, откако претходно настапуваше седумм сезони за екипата на Хјундаи Хилстејт.