Одбојкарите загубија на вториот тест со Албанија

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби вториот тест од Албанија на подготовките за новата сезона во Европската сребрена-лига, откако денеска загубивме од западните соседи со 0-3 во сетови.

За разлика од првиот меч во кој Македонија победи со 3-1, овојпат избраниците на новиот селектор Ратко Павличевиќ не успеаа да освојат ни еден сет. Подготовките на македонската репрезентација продолжуваат во обидот да се пронајде вистинската форма за следниот предизвик и нападот конечно на златниот медал во Европската сребрена-лига после четири сребра и една бронза.

Павличевиќ ја подмладува селекцијата и почна еден нов циклус за изградба на тим кој догодина ќе треба да биде во најдобар ритам за Европското првенство на кое Скопје е еден од домаќините.