
Одбојкарите почнаа со подготовки во Маврово - целта е пласман на ЕП 2026!
Селекторот Јошко Миленкоски повика 16 репрезентативци кои ќе се подготвуваат во следните 10 дена, по што ќе заминат за Бугарија каде што ќе се соочат против Бугарија во Софија на 29 и 30 јули.
Завршните подготовки ќе продолжат во Скопје, каде што во салата „Борис Трајковски“ ќе се одржи меморијалниот турнир „Бранко Хаџи Иљоски - Чајка“ од 5 до 7 август, а Македонија ќе се судри против Бугарија и Швајцарија.
По подготовките, Македонија на 13 август ѝ гостува на Грција во Атина, додека на 17 август ќе се пресмета против Грузија во Скопје.
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија