Македонија со мажи и жени пак ќе игра во Европската лига, која добива – огромно значење!
Од 2026 година оваа лига добива уште поголема важност, бидејќи ќе го замени традиционалниот квалификациски систем за пласман на ЕП 2028. Машката репрезентација е редовен учесник во ЕЛ уште од 2014 година, оставајќи константен печат на континенталната сцена, додека женската селекција, пак, ќе има свое трето појавување, а второ по ред, откако дебитираше во 2023 година.
Според моменталните насоки на ЦЕВ, квалификациите за ЕП 2028 ќе се одвиваат исклучиво преку Европската лига во двете последователни изданија — 2026 и 2027. Пласман на континенталниот собир ќе обезбедат по четири најдобри репрезентации од секое од овие две изданија (вкупно осум), како и четирите земји-домаќини на првенството, шампионот од ЕП 2026 и уште 11 селекции според ранг-листата на ЦЕВ по завршувањето на Европската лига 2027.
Досегашното учество и запазениот континуитет ја позиционираат Македонија како стабилен дел од европската одбојкарска мапа, токму во период кога натпреварувањето добива нова, клучна улога во квалификацискиот процес.