Азербејџан прегазен, прва победа на Македонија во Европската златна лига

По минатонеделните порази од Естонија и Чешка, македонската одбојкарска репрезентација ја оствари првата победа во Европската златна лига оваа сезона.

Во првиот меч од турнирот што се одржува во Беверен, нашиот национален тим го совлада директниот ривал за пласман во плејофот Азербејџан со 3-0 и така си ги отвори шансите за место во следната фаза. Првите два сета, македонската репрезентација ги доби со 25-17, а третиот со 25-18, за потврда на доминацијата во однос на денешниот противник.

Филип Савовски и Никола Ѓоргиев со по 15 поени беа најдобри играчи во нашата репрезентација. Утре од 15 часот, Македонија се среќава со домаќинот Белгија во четвртиот натпревар во Европската златна лига.