Волкановски објави за кој македонски клуб навива! (ФОТО)

Македонската УФЦ-ѕвезда, Александар Волкановски, кој е светски првак во перо категорија, кој иако е роден во Австралија никогаш не го крие своето потекло и секогаш со македонско знаме ги слави победите откри за кој клуб навива во нашата земја.

Волкановски со своите ќерки се сликаше во дресот на македонскиот нисколигаш Младост од Беранци, што и не е изненадување, зашто неговиот татко потекнува од ова село во битолско.

Младост има посебни дресови во чест на Волкановски, па македонскиот УФЦ-борец со гордост позираше во нив.