Усман: Мислев дека јас сум победник, но судиите го избраа Едвардс!

Нигерискиот борец Камара Усман не успеа да го освои шампионскиот појас во велтер категорија, откако загуби од Леон Едвардс со судиска одлука.

Двајца судии му дадоа предност на Едвардс од 48-46, додека еден арбитар сметаше дека борбата е израмнета (47-47), по што коментар даде и Усман.

„Мислев дека јас сум победник пред судиите да го кажат резултатот. Сметав дека направив доволно за победа, но знам дека борбата беше израмнета. Едвардс беше одличен во рингот. Секогаш го почитував поради тоа што го направи во кариерата“, кажа Усман.

Усман по овој неуспех има 20 победи и три порази во професионалните борби.