„Прво јас бев најдобар, па брат ми, а потоа мојот роднина - ние сме моќна династија!“

Поранешниот шампион во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов зборуваше за одличните борци кои доаѓаат од Русија.

На борбата во Белатор во Сан Диего за шампионската титула во лесна категорија славеше Усман Нурмагомедов и тоа беше негова 19. победа.

Овој 26-годишен борец е роднина со Хабиб, а токму за неговиот триумф коментираше поранешниот УФЦ-шампион.

„Мислам дека Усман во моментов е најдобар борец во лесна категорија. Јас пред неколку години бев најдобар, а сега е тоа нашиот брат Ислам Махачев, а Усман е следен. Ние сме моќна династија“, кажа Хабиб.