„На Мекгрегор само една работа му е во глава, а тоа е – одмазда против Хабиб!“

Конор Мекгрегор неодамна загуби од Хабиб Нурмагомедов во борба за титулата во лесна категорија во УФЦ. Меѓутоа, ирскиот борец размислува за реванш и одмазда против противникот од Дагестан.

Човекот кој му помага на Мекгрегор при тренинзи ги откри плановите на Ирецот.

„Конор нема никаква желба да се бори со било кој освен Хабиб. Овој пораз разбуди нешто во него како што се случи против Дијаз. Тогаш тренираше напорно и успеа да му се одмазди“, кажа Џон Каванах.

Џон призна дека не се подготвиле добро за Нурмагомедов и тоа било голема грешка.

„Направивме грешка. Се подготвувавме премногу дефанзивно за тој дуел, а Конор е страшен напаѓач“, призна Каванах.