Македонецот Александар Велики продолжи со теророт врз ривалите во УФЦ! (ВИДЕО)
Ова беше дуел од перолесна категорија, по кој Алекс се етаблира меѓу најсериозните кандидати дури и за борба за шампионскиот појас. Битката беше жестока и двајцата борци имаа свои шанси, но Волкановски прв дојде до можност за финиширање и успеа во тоа.
„Само сакав да победам и да се искаќам на ранг-листата борци во мојата категорија. Ова беше борба што ја посакував иако бев свесен дека Мендес е најтешкиот противник во мојата дивизија. Тој е фантастичен, но јас сум Александар Велики и никој не ми може ништо“, изјави Волкановски по дуелот.
Македонецот од Австралија, кој синоќа заработи дополнителни 50.000 долари по изборот за најдобра борба на вечерта на УФЦ 232, сега има скор од 19 победи и еден пораз во мешани боречки вештини (ММА), односно ова беше негов 16-ти триумф по ред.