Ладнокрвна изјава на Масвидал: Сакав да го измачувам противникот за да мо*а крв

УФЦ борачот Жорге Масвидал пред неколку дена го имаше најбрзиот нокаут во историјата на ова натпреварување, откако по само неколку секунди го совлада Бен Аскрен.

Мадвидал со 34. триумф во кариерата му го нанесе првиот пораз на Аскрен. Доколку судијата побрзо реагираше и ја прекинеше борбата, нокаутот ќе влезеше во историјата како остварен во третата секунда, но  Масвидал мораше уште два пату брутално да го удри противникот за конечна победа.

На конференцијата за медиуми, 34 - годишниот Масвидал беше прашан дали била потребна дополнителна бруталност, на што ладнокрвно одговори.

Беше многу потребна. Моја работа е да го удирам противникот додека судијата не ме спречи. На луѓето на кои тоа не им се допаѓа, нека следат фудбал. Сакав да го тепам 14 минути и потоа да го нокаутирам. Требаше да му нанесувам болка што подолго. Сакав да му ги уништам колената, да му ги скршам ребрата, да го натерам да моча крв, апотоа да го нокаутирам, истакна Масвидал.