Конор го навреди нашиот Волкановски, тој му врати – ако не ти е страв влези во кафез со мене!

Антагонизмот помеѓу легендарниот Конор Мекгрегор и австралискиот борец со македонско потекло, Александар Волкановски, трае подолго време, а деновиве јавноста повторно е сведок на нивно препукување преку социјалните мрежи, иницирано од Ирецот.

За време на УФЦ 293 натпреварувањето, кое се одржа викендов, Мекгрегор даваше свои предвидувања за борбите, но без да биде предизвикан го спомна и Волкановски, кој воопшто не се натпреварување, нарекувајќи го – мало колбавче.

 

 

Австралиецот кој се гордее што има македонски корени веднаш одговори на провокацијата и го предизвика Конор на пресметка која би се одржала на УФЦ 300.