Голем скандал го тресе УФЦ: ФБИ отвори истрага!

УФЦ се соочува со еден од најголемите скандали во својата историја. По настанот во Лас Вегас беше отворена истрага од ФБИ поради сомнителни обложувања.

ФБИ е вклучен во целиот случај, а борци јавно признале дека им биле нудени големи суми на пари за да наместат борби.

Борбата меѓу Исак Дулгариан и Јадиер Дел Вале, која беше одржана на 1 ноември, привлече големо внимание поради драстичното менување на коефициентите во текот на самата борба.

Дулгариан беше фаворит, но набрзо коефициентите се сменија во корист на Дел Вале, по што борецот успеа да победи во битката, а тоа предизвика да се вклучи и ФБИ во истрагата.

Неколку борци јавно зборувале дека им се нудат пари, а еден од нив е Винс Моралес кој кажа дека добил понуда од 70.000 долари да загуби еден од своите дуели.

Фото: EPA