Борец остана без договор од УФЦ поради семејно насилство!

УФЦ го прекина договорот со борецот од лесна категорија, Луис Пена, зашто тој минатиот викенд бил приведен поради семејно насилство.

Пена во саботата завршил во полициска станица поради пријава дека физички нападнал две женски лица, од кои со едната бил во љубовна врска речиси година ипол, а исто така им удрил по неколку боксови.

„УФЦ е свесен за вознемирувачките вести кои се однесуваат до Пена. Тој од секогаш бил отворен кога станува збор за неговата борба со здравјето и организацијата неколку пати се обиде да му помогне во лекувањето. Го известивме дека договорот е прекинат зашто ќе мора да си реши некои лични проблеми“, соопштија од организацијата.