Јапонците среде пандемија организираа кик-бокс спектакл пред 5.000 гледачи (ВИДЕО)

Не сите нации во светот на идентичен, пасивен начин водат војна против пандемијата со коронавирусот, што најмногу важи за Јапонците, кои наместо да се кријат дома и да избегнуваат контакти, вчера организираа кик-бокс спектакл во сала во која имаше пет илјади гледачи.

Власта и покрај сите обиди не успеа да го одложи овој спортски настан, чиј организатор единствено прифати да прими двојно помалку луѓе од капацитетот на спортскиот објект, а воедно и подели маски и ракавици за секој од присутните на трибините.

Во моментов речиси да нема спортски настан во целиот свет, освен што сеигра фудбал во Белорусија и тоа пред публика.