Емил Павлов со „карате клип“ на денот на Светската карате федерација (ВИДЕО)

Светската карате федерација на својата официјална страна на Инстаграм објавува најдобри птоези од врвните светски каратисти, а еден од нив има и македонскиот каратист Емил Павлов.

Павлов го совлада актуелниот светски шампион Анџело Крешенцо и го освои златниот медал во Премиер лигата во Салбург, Австрија на последниот голем натпревар пред прекинот на останатите поради пандемијата на ковид-19.

На профилот се птоенцира дека Павлов е првиот европски сениорски шампион во историјата на македонското карате, а потегот може да се погледне во продолжение.