Вајлдер ем претепан ем суспендиран и тоа на – шест месеци!

Американскиот боксер, Деонти Вајлдер, доби забрана за влез во рингот најмалку во следните шест месеци, поради бруталниот начин на кој беше нокаутиран во неодамнешната борба против Тајсон Фјури.

Вајдер заврши на подот во 11. рунда од мечот на деценијата за шампионскиот појас во ВБЦ-верзијата, а во жарот на борбата му беше скршен малиот прст на раката поради што и ја доби суспензијата од Државната комисија на Невада.

На привремена принудна пауза е испратен и победникот Фјури, кој доби забрана за влез во рингот во траење од најмалку 45 дена, првенство за неговото тело да се опорави од напорната борба.