Тајсон најде противник за борбата на векот и тоа на - отворено море!

Легендарниот американски боксер, Мајк Тајсон, најде ривал за борба и тоа на – отворено море.

Тајсон го шокираше светот со оглед на тоа дека следниот дуел ќе го има против – ајкула!

Легендарниот апсолутен светски шампион во супертешка категотија ќе се бори против едно од најопасните, најбрзите и најсилните суштества во богатиот морски свет, и секако дека станува збор за симулација организирана од каналот „Дискавери“.

Оваа година, Мајк Тајсон ќе се проба во „Недела на ајкулите“.