Почина поранешен европски шампион – имал мозочен удар додека бил зад волан!

Поранешниот боксерски европски шампион, Вили Лимонд, почина денеска на 45-годишна возраст, откако бил пронајден без свест зад воланот на својот автомобил, пишува англиски „Дејли мејл“.

Тој наводно доживеал мозочен удар додека возел пред тренингот што требало да се одржи во Глазгов. Шкотскиот боксер учествувал во 42 борби, а беше и најдобар во Европа во супер-перо категорија. Лимонд беше првак на Комонвелтот во лесна и суперлесна категорија, додека беше шампион во суперлесна категорија во Велика Британија.

Лимонд требаше да се врати во рингот на 3 мај за да се бори со Џо Лоус во Глазгов, што требаше да биде последна подготовка пред камбекот во професионалниот бокс, каде што веќе имал договорена борба за неколку недели.