„Не се плашам од смртта, ова е моја должност“

Легендарниот боксер Мани Пакјао се обидува по секоја цена да им помогне на луѓето на Филипините во борбата против коронавирусот.

Пакјао донираше 50.000 тест-примероци за луѓето да се испитаат од заразата на вирусот, како и 700.000 маски за лице и тоа откако народот на Филипини му даде доверба, па затоа подготвен е да се бори до крај како вистински лидер.

Ако сте лидер, треба да ги водите луѓето и да им покажете дека сте со нив. Не смеете да се криете затоа што се плашите. Јас пораснав во сиромаштија, така што знам како се чувствуваат повеќето. Не се плашам од болест и смрт. Ова е моја должност и не смеам да се кријам, истакна храбро Пакјао.

Во моментов на Филипини има 462 случаи на коронавирус, а 33 смртни случаи. 

Пакијао стави крај на својата боксерска кариера пред пандемијата. Тој го имаше својот последен натпревар во јули минатата година кога го совлада претходно непоразениот Кит Турман во Лас Вегас.