Фјури ќе се бори против Усик, а потоа следи нов спектакл?

Британскиот боксер Тајсон Фјури ја активира клаузулата во договорот со Олександр Усик и ќе има реванш на крајот на оваа година во Ријад.

Промотерот Боб Арум откри дека Фјури ќе се бори против Усик и сака да му се одмазди за поразот, а потоа планира да се соочи и против Ентони Џошуа.

Фјури ги загуби појасите во тешка категорија, односно Усик му ја зема ВБЦ-титулата и стана апсолутен шампион во тешка категорија.

Џошуа и Фјури никогаш досега не успеаја да договорат борба, меѓутоа истата најверојатно ќе се организира во 2025 година.