Фјури има големо срце: Боксерот донираше 10 милиони фунти за сиромашните!

Тајсон Фјури пред дуелот против Деонтај Вајлдер кажа дека ќе ја донира цела заработка од спектаклот, а тоа го направи вчера, откако донираше неверојатни 10 милиони фунти.

Битката се одржа на први декември, а Фјури ги донираше парите, кои ќе се трошат за изградба на социјални домови во Англија.

Британецот од борбата доби два милиони фунти, а останатите пари му следуваат од ТВ-права, па цела сума изнесува десет милиони фунти.