Чошуа и Пулев нема да боксуваат летово поради коронавирусот

Една од најочекуваните борби во професионалниот бокс оваа година помеѓу Ентони Џошуа и Кубрат Пулев нема да се одржи на претходно закажаниот датум 20 јуни. 

Ораганизаторите решија да ја одлжат борбата помеѓу Британецот, кој ги поседува четирите најважни титули во светиот бокс и предизвикувачот од Бугарија. Засега не е познато кој ќе биде новиот датум на пресметката, но тоа ќе зависи од целата ситуација со корнавирусот и кога ќе стивне пандемијата. 

Местото на борбата веројатно ќе остане исто, стадионот на Тотнем, но за датумот ќе се преговара, а конечна одлука ќе се донесе за неколку недели.