Српска атлетичарка прегазена на пешачки - двете нозе ѝ се во гипс (ФОТО)
Двете нозе ѝ се во гипс, па мора да се движи со помош на инвалидска количка, а засега не е познато ниту кога ќе му се врати на спортот, ниту дали ќе може професионално да продолжи да се занимава со истиот.
Мирјана Стојановиќ, која е тренер на атлетичарката која се натпреварува во крос и во конкуренција до 1.500 метри, открива како се случил инцидентот.
„Несовесен возач на обележан пешачки премин покрај салата не застанал, туку прегазил невино дете. Таму има и лежечки полицаец, но на него му се брзало. Во еден момент некој ќе ви ги уништи соништата, плановите, желбите и ќе завршите во гипс“, вели Стојановиќ.