Од олимписки шампион до тежок пијаница: Бев класичен алкохоличар кој сам се лажеше!

Кениецот Вилфред Бунгеи (39) беше апсолутна светска класа во „кралицата на спортовите“, олимписки шампион и светски првак на 800 метри, еден од најдобрите на оваа делница на светот и потоа од врвен спортист се претвори во – тешка пијаница.

Цела деценија ипол беше во атлетскиот врв, а за тоа време севкупно имал најмногу до 15 дена одмор за да се посвети на себе, на семејството, двете деца... Но, кога алетската кариера заврши, а Бунгеи замина во спортска пензија, не знаел што со себе. Премногу слободно време, нема тренинзи и се фрлил на алкохол. Не можел да излезе од шокот дека повеќе нема да го има стандардниот спортски ден и животен ритам.

Бунгеи сега за кениските медиуми ја раскаа тажната животна приказна како од врвен спортист паднал на дното, па наместо икона сите го гледале како тежок пијаница.

„Во 2008 година во Пекинг бев олимписки шампион, капитен на кениската репрезентација на ЛОИ. Четири години подоцна, во 2012 година ме најдоа во канал, во кој сум паднал, а луѓето мислеа дека навистина сум мртов. А, всушност јас бев – 'мртов пијан'', вели Бунгеи.

Преку ноќ шишето алкохол го исполнуваше, како што претходно тоа беа секојдневните тренинзи и посветеноста кон спортот.

„Наместо да се посветам на семејството, па со тек на време да најдам друга работа, јас само станав пијаница. И тоа тежок пијаница. Класичен алкохоличар кој секој ден сам си се лаже. Сè почнуваше со 'само една чашка', па одам понатам. А, всушност беше – едно шише“, додава Бунгеи.

Вели дека во 2012 година тотално го допрел дното и тоа во момент кога чекал трето дете.

„Во таа 2012 година чекав сопругата да се породи и на утро ќе си ставев една чаша водка. Во рок ни од пола час, јас испив цело шише водка. И така 'мртов пијан' завршив во канал“, раскажува Кениецот.

И тоа била пресвртницата во животот за да се врати во нормала. Откако завршил во каналот, оттаму го однеле на клиника за одвикнување.

„На лечење од алкохолизмот заминав точно еден месец откако официјално заврши моето владеење на 800 метри. Потоа тоа го сфатив. Мене ме спасија децата, нивните секојдневни молби да престанам, зашто знаев пијан да ги возам и ризикував ужасна трагедија. Така заминав на лечење. И денеска... Денеска не славам роденден, туку го славам денот кога престанав да пијам“, завршува Бунгеи.