Најубавата балканска атлетичарка стана европска шампионка! (ВИДЕО)

Најубавата балканска атлетичарка, Србинката Ивана Вулета стана европска шампионка во скок во далечина на Европското првенство кое се одржува во Минхен со скокот преку седум метри уште во првата серија.

Вулета скокна 7,06 метри и за три сантиметри беше подобра од германската атлетичарка Малаике Михамбо, која до крајот со сите сили се обидуваше да ја надмине Србинката, ама сѐ што успеа беше најдолгиот скок од 7,03 сантиметри.

До бронза дојде Британката Џезмин Сојерс која скокна 6,80 метри и за четири сантиметри во последната серија ја надмина Марина Бек-Романчук за да дојде до победничкиот пиедестал и медал од ЕП: