Кениецот Бивот победник на Скопскиот маратон

Еванс Кипкемои Бивот од Кенија е победник на 14-тото издание на Скопскиот маратон.

Тој делницата долга 42 километри ја истрча со време од 2 часа, 14 минути и осум секунди и беше подобар од својот сонародник Џон Лангат, кој задоцни 51 секунда. 

Победничкиот подиум го комплетира уште еден Кениец, Хосеа Руто Кипротич, кој маратонот го заврши со време од 2:28:58.

Најдобриот македонски маратонец Александар Кираџиев финишираше како петти со време од 2:42:48.

Во женска конкуренција, триумф на Кенијката, Џедида Ванџиру Карунгу, која патеката ја истрча за 2:51:24. Втора беше Хрватката Марија Врајиќ, додека на третото место финишираше нашата натпреварувачка Андријана Поп Арсова.