Ислами не се пласираше во финалето на 400 метри со пречки

Македонската атлетичарка Дрига Ислами Бафтири заврши петта во својата квалификациска група на 400 метри со пречки на Медитеранските игри во Оран, Алжир. 

Таа истрча со време од 59,16 секунди, додека победничката Камил Сери од Франција имаше време од 56,94. Ова постигнување беше многу послабо од личниот рекорд на Ислами од 57,53 секунди.