Африкански маратонци намерно пуштија Кинез да победи во Пекинг (ВИДЕО)

Неверојатна сцена беше забележана на трка во Пекинг, кога тројца африкански маратонци пуштија Кинез да заврши пред нив затоа што е домаќин, а поради тоа беше отворена истрага.

Отворена е истрага поради сомнеж во регуларноста на натпреварувањето, односно незаслужена победа на кинескиот атлетичар со време од 1:03.44.

Роберт Кетер, Вили Мнангат и Хаили Бикили водеа битка до самиот крај и се очекуваше некој од нив да заврши како победник, но потоа во битката се вклучи и Хе Џие на кој му дозволија да заврши на првото место.

„Почнавме истрага и ќе ги објавиме резултатите кога ќе завршат проверките“, соопштија од комисијата.