Вардар го „преплива“ Охрид, Кожув со пресврт го реши ФМП
Охрид беше подобар во првата четвртина од „црвено-црните“ со 26-20, а водството го задржаа и на полувремето, меѓутоа вардаровите кошаркари беа одлични во третиот дел од мечот и создадоа недостижна предност (68-59).
Домаќинот неколку пати ја врати неизвесноста и намали на два поени негатива (66-68), но немаше сила за пресврт против Вардар.
Фуџет постигна 29 поени за екипата на Вардар, додека Ибраими и Димовски запишаа по 12 поени за Охрид.
Кожув со пресврт славеше против Академија ФМП со 90-85 и им избега на ривалите во трката за опстанок во елитата.