Мурињо во реклама откри дека се враќа во Лондон (ВИДЕО)

Легендарниот португалски тренер, Жозе Мурињо, кој во моментов е без ангажман по прекинот на соработката со Рома, се појави во реклама на „Туркиш Ерлајнс“ во која има изјава со која подгреа надежи кај навивачите на повеќе клубови.

Тој одбира лет од авио-компанијата и вели - се враќам во Лондон. Дел од навивачите на Челси ова го сфатија како можно враќање на Португалецот, кој во англиската престолнина работеше и во Тотнем. Сепак, тоа е далеку од реалноста бидејќи речиси сигурно неговите зборови се упатени во насока на финалето од Лигата на шампионите, кое се игра во Лондон, а на кое еден од спонзорите е „Туркиш Ерлајнс“.

Во Лондон е и постојаното живеалиште на Мурињо, неговиот дом е во близина на „Стемфорд Бриџ“.