Шоу на Ѓоковиќ – облечен како црногорски рибар си играше со дечињата во Тиват (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, периодов собира енергија пред завршницата на сезоната на земјени терени, а покрај за тренирање деновите ги користи за забава и тоа со своите најмлади фанови.

Тој вчера ги изненади присутните во Тиват, кога на главното шеталиште се појави облечен како стар црногорски рибар, кој се обидува да одигра некој поен со децата што го одминуваа.

Ѓоковиќ во моментов се подготвува за мастерсот во Рим, потоа и за Ролан Гарос, а како кулминација би биле настапите на Вимблдон и на Олимписките игри во Париз.