Тодибо не се прослави во Барселона, па среќата ќе си ја бара во Мадрид!

Жан-Клер Тодибо имаше кратка авантура во Барселона, по што замина на неколку позајмици, а сега решил да си ја бара среќата во Мадрид.

Францускиот репрезентативец планира да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, а се очекува клубот за неговите услуги да плати околу 40 милиони евра.

Талентираниот дефанзивец досега играше за Тулуз, Шалке, Бенфика, Ница и Барселона.