Операцијата ќе почека: Мареј се враќа на тениските терени

Британскиот тенисер Енди Мареј се врати на тренинг и потврди дека нема да оди на операција на скочниот зглоб.

Мареј ги скина лигаментите на левиот скочен зглоб за време на турнирот во Мајами, но трикратниот гренслем освојувач се надева дека може да се рехабилитира од повредата и без да оди на операцијата.

Поранешниот најдобар тенисер во светот кажа дека не планира да игра премногу оваа сезона, но се надева на настап на Олимписките игри во Париз пред да ја заврши кариерата.