Соиграч на Тричко приреди акробатска гол-атракција! (ВИДЕО)

АЕК Ларнака одигра 3-3 со Динамо Киев, во натпревар во кој имаше водство од 3-1, но го пропушти со голови во 82. и во 92. минута. Сепак и ремито беше доволно за тимот на Иван Тричковски да го осигура третото место во својата група и да продолжи во Конференциската лига. Сепак, она за што најмногу се зборува на оваа средба е голот кој ја отвори ревијата, во 26. минута. Алтман пречека еден центаршут на пеналтикот и со акробација ја прати топката под пречка. Македонскиот интернационалец не беше во строј, поради повреда.