Сабаленка ги заборави правилата, па пред време прослави победа! (ВИДЕО)

На второто полуфинале на женскиот дел од Ју-Ес опен, (2) Арина Сабаленка и (17) Медисон Кис играа драматичен меч, кој финишираше во тајбрејк, во третиот сет. Сабаленка рано направи водство и кога поведе со 7-3 го фрли рекетот, почнувајќи да слави со поглед кон својот екипаж на трибините. Но, тие ѝ сугерираа и бргу сфати дека мечот не е завршен. Од Ролан Гарос 2022, на грен-слемите, ако има тајбрејк во решавачкиот сет, тој се игра до 10, а не до 7. Сепак, го освои со 10-5 и се пласира во финалето.