Пацер: 2022 година во Ла Лига заврши со – епска утка! (ВИДЕО)

Вилјареал вчера ја победи Валенсија со 2-1 во последното коло во шпанската Ла Лига за 2022 година, ама на последниот ден, главна ѕвезда беше Жерар Морено и тоа поради една – епска утка.

На празен гол, Морено успеа цел да го промаши и да бие крај дирекот, па сите на стадионот се држеа за глава. Едновреме Морено беше и шпански репрезентативец, дебитираше во 2019, играше на Еуро 2020, има 17 меча и пет гола на „фуријата“, ама уткава покажува зашто не беше дел од СП во Катар.