Нов срам за Манчестер, Онана прими гол од пола терен (ВИДЕО)

Андре Онана дојде од Интер во Манчестер јунајтед ова лето за да го замени Давид Де Хеа, кој се повеќе навлекуваше апатија, па дури и гнев кај некои навивачи, поради повремени киксови. Арно ама, Камерунецот кој го замени не се претставува баш најдобро во првите неколку натпревари. Во пријателската со Ленс, прими гол од пола терен, за кој вина има и Диого Далот, но срамот го крка - Онана.