Мексиканец си даде антологиски автогол – со лоб од 18 метри (ВИДЕО)

Немаше намера да си ја погоди мрежата, ама излезе антологиски автогол и тоа со лоб од 18 метри, на мечот Леон – Торонто (1-1) во КОНКАКАФ Лигата на шампионите, откако Андрес Москера погоди во својата мрежа.

Мексиканците загубија една топка, па Москера сакаше да го прекине додавањето во контранападот, само што планот не излезе како што посакува. Топчака со фантастичен лоб го измами голманот и заврши во мрежата.