Левандовски блеска и кога друг ги постигнува головите (ВИДЕО)
25 септември 2022 - 22:08
Полска поведе со 1-0 на гостувањето кај Велс, во натпреварот од Лигата на нации, со голот на Свидерски во 58. минута. Меѓутоа, повторно Левандовски ги собра аплаузите, бидејќи го послужи со фантастична асистенција.