Излезе трејлерот за филмот за Златан Ибрахимовиќ во кој го глуми – Албанец (ВИДЕО)

Биографскиот филм за шведската суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ е пред промоција, а трејлерот за неверојатниот напаѓач веќе излезе.

Ибракадабра го глуми Швеѓанецот со албанско потекло, Гранит Рушити а филмот е животната приказна за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, а сценариото е напишано врз база на неговата автобиографија од пред седум години „Јас сум Златан“.