Довициозо „леташе“ во „Муџело“ со 356 км/ч (ВИДЕО)

На третиот слободен тренинг на патеката „Муџело“ во пресрет на квалификациите за Големата награда на Италија, Андреа Довициозо со својот Дукати мотоцикл го сруши рекордот за најголема брзина во историјата на Мото ГП. 

Италијанецот на патеката леташе со неверојатни 356,7 километри на час.