Веспрем ја скрши Барселона и ќе се бори за светска титула
Веспрем водеше во првото полувреме, иако Барселона беше блиску до израмнување, меѓутоа на паузата унгарскиот тим замина со предност од 15-13.
Добриот почеток на вториот дел му помогна на Веспрем да направи исчекор кон победата (17-13), но каталонскиот гигант набрзо се разбуди и израмни на 25-25.
Во завршницата се водеше голема битка и двете екипи се изборија за продолжение, откако во регуларниот дел беше 29-29. Сепак, во дополнителните минути Веспрем беше подобар во нападот и оствари триумф со 39-34.
Најдобри во победничкиот тим беа Ремили и Дескат со по девет голови, додека Алеиш Гомез Абељо постигна 10 погодоци за Барселона.
Во второто полуфинале ќе се соочат Магдебург и Ал-Ахли од 19 часот.