Вардар Мексико доаѓа во Скопје да учи ракомет од наш Вардар!

Ракометниот клуб од Мексико кој го носи името Вардар по македонскиот клуб, потврди дека доаѓа во Скопје на обука кај црвено-црните.

Ракометните успеси на Вардар во Европа, одекнаа насекаде во светот, па во Мексико се формираше ракометен клуб со името на македонскиот тим.

Вардар Мексико наскоро ќе се сретне со наш Вардар.

„Од 9 до 16 септември, ракометари и тренери од нашата академија ќе патуваат во Скопје, Македонија за ракометен тренинг и подготвителни натпревари. Возбудени сме што ќе ја посетиме Македонија за првпат и ќе се сретнеме и ќе учиме за врвниот ракомет. Посебна благодарност за извршниот директор Борко Ристовски за поддршката која ни ја даде. Се гледаме во Македонија“, стои во соопштението на Вардар Мексико.