Украинскиот ракометен гигант ќе игра во - Втората лига на Германија!

Украинскиот ракометен гигант Мотор Запорожје поради војната во земјата во следната сезона ќе игра во Германија и тоа во – Втората лига.

Според генералниот директор на германските ракометни лиги, Франк Бохман, тоа би била огромна можност за германскиот ракомет.

„Веруваме дека вклучувањето на Мотор Запорожје во нашата втора лига е голема реклама за германскиот ракомет. Во Германија живеат повеќе од еден милион Украинци, кои сигурно ќе го следат настапот на овој клуб. Секој натпревар на Мотор ќе биде можност да ја покажаме нашата гостопримливост и да испратиме порака за мир“, изјави Бохман.