Шведска со +15 го декласираше Чиле, победи и за Норвешка и Исланд

На вториот натпревар во групата Г во која се натпреварува и македонската ракометна репрезентација, Шведска со 41-26 го совлада Чиле. 

„Викинзите“ по првото полувреме имаа водство од 20-16, но убедливата разлика ја направија во вториот дел. Пелас постигна фантастични 12 голови за Шведска, додека Фојчман со седум беше најефикасен кај Чилеанците. 

Норвешка со 31-25 ја совлада Швајцарија во рамки на групата Е. Сандер Сагосен беше незадржлив и постигна 11 голови за Норвежаните.

Исланд очекувано го декласираше Алжир со 39-24 во Групата Ф.